
Основан со идеја да обедини уникатни и впечатливи дизајнерски парчиња на едно место, Bagabond е повеќе од продавница. Тоа е простор на инспирација, каде што модата, уметноста и деталите се среќаваат за да создадат искуство што трае подолго од самото купување.










Во Bagabond секое парче е внимателно избрано за да раскаже своја приказна. Од чанти кои носат безвременска елеганција и современа смелост, преку накит што ја истакнува индивидуалноста, до паричници, футроли и ремени што ја спојуваат функционалноста со стил - нашата колекција е составена од детали кои го дефинираат твојот изглед.

The Manual Co.

SORRY IT IS NOT BIRKIN

Buffalo

Yova

Still Nordic

LAMAT

UNIKKA

Okkia

Tuscany Leather

Theatric

Rose De Mai

Izipizi

Koishi

Coffee With Milk

Soruka

UNIKAT CONCEPT

Mag
Нашата мисија
Bagabond постои за да ја направи модата достапна, инспиративна и лична. Нашата мисија е да понудиме простор каде што луѓето ќе можат да откријат нешто ново, да најдат дел од себе во некое парче и да уживаат во процесот на избор.

Во центарот на Скопје, Bagabond е создаден како место каде купувањето прераснува во искуство. Просторот е обликуван со модерен ентериер, внимателно одбрани детали и амбиент што зрачи со топлина и елеганција. Секој што ќе го посети има можност да ја почувствува модата одблиску – да ја види бојата, да ја допре текстурата и да се инспирира од атмосферата која ја носи суштината на еден концепт стор.

Ве покануваме да го откриете Bagabond и во живо – да бидете дел од нашата приказна, да ја почувствувате атмосферата и да најдете нешто што ќе стане ваш препознатлив белег.
Локација: Даме Груев 5, Скопје 1000
Работно време:
Понеделник – Петок: 10:00 – 19:00
Сабота: 11:00 - 16:00