- -20%
- 20%
Футрола за пури The Manual Co. TIP 4-21-3
Футролата за пури на Manual Co е целосно природна и компактна, рачно изработена со допир на традиција и огромно знаење. Дизајнот прикажува чиста геометрија, заоблени работи, лесен волумен со доволно простор за да се сместат три од вашите омилени пури. Овој висококласен производ е сензационално искуство во зачувување на арома и свежина. Направен е од природна растителна кожа од говедско потекло од италијанската провинција Santa Kroce. Кожата не е обработена со други средства, а забележителен дизајнерски детал се рабовите во различни нијанси на боја. Производот е рачно изработен со артистички методи кои вклучуваат моделирање во специјално изработени дрвени облици. Пакувањето е внимателно конструирано да служи како физичка бариера за пурите, а истовремено спречува губење на влага. Кутијата е направена од рециклиран картон со дебелина од 2 мм, обвиткан со рачно изработена хартија што обезбедува дополнителна цврстина и природна и пријатна боја.
- Димензии: 23.5 × 3 × 8.5 см
- Тежина: 0.089кг
- Материјал:100% Кожа
- Боја:Црна